| Претплати се за билтенот |
| Enter your e-mail below to subscribe for our newsletter |
|
|
|
|
Кено Правила
Кено е многу лесна за играње и основите се исти без разлика како се игра во определено казино. Пред да започнете со игра во било кое казино, секогаш е добра идеа да отидете до Кено пребројувачот и да побарате бесплатна брошура за исплатите и правилата на куќата кои можи да се разликуваат од казино до казино.
За да играте, треба да земете Кено ливче (хартија) кое може да се најде од Кено пребројувачот, во казино рестораните каде обично има Кено доставувач на ливчиња кој подоцна пак ги собира. Обележувате од 1 - 15 (во некои казина до 20) броеви и го предавате вашето ливче (тикет за игра) на доставувачот т.н. "тркачот" или директно на Кено пребројувачот (одговорниот за Кено играта во казиното). Влоговите обично започнуваат од 1$. Вашите броеви ќе бидат внесени и назад добивате печатено ливче (тикет), повеќе како тикет за лотарија. Проверете дали тоа се броевите кои ги избравте, бидејќи кога играта е затворена не се дозволени промени. Откако играте ќе биде затворена, броевите ќе бидат прикажани на Кено таблите кои ги има насекаде низ казиното.
Од можните 80 броеви, по случајен избор ќе бидат избрани 20 од нив. Ако доволно броеви сте погодиле тогаш вие победувате. За да знаете колку треба да погодите, треба да проверите на таблата за исплата, проверувајќи во однос на тоа колку броеви сте избрале. Колку повеќе броеви изберете (обележите), толку повеќе треба и да погодите.
Важно: Вие мора да си го наплатите вашиот добитен тикет пред да започне наредната игра, освен ако не играте во повеќе игри со истиот тикет, но после последната игра од тој тикет треба да побарате исплата. Некои казина дозволуваат исплати и после една година доколку изиграте од 21 до 1000 игри по тикет, но сепак најпрво консултирајте се во казиното во врска со правилата на игра.
Page loaded in 1 second/s
© 2005-2009 - online-poker-inside.com - All Rights Reserved
|
|